Винисиус Жуниор се израмни со Лионел Меси по бројот на асистенции во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Против Манчестер Сити (3-3) во првиот четвртфинален натпревар, Бразилецот забележа две асистенции.
23-годишниот крилен напаѓач сега има 12 асистенции во плеј-офот на ова натпреварување, исто колку и Лионел Меси во дресот на Барселона.
Сепак, постигнувањето на Винисиус е од поголема вредност бидејќи тоа го направи на 25 натпревари, а на Аргентинецот, кој сега настапува за Интер Мајами во МЛС – лигата, му беа потребни дури 77 натпревари.
Кристијано Роналдо има 15 асистенции во 67 натпревари со Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус во плејофот од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal