
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Кевин де Бруин повраќал пред почетокот на натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите (3-3). Токму поради оваа причина Белгиецот испадна од составот на „граѓаните“.
„Кевин дојде во соблекувалната и рече дека не може да игра. Откако јадеше, му се слоши и повраќаше. Се надевам дека ќе можам да сметам на него за следниот натпревар бидејќи тој е многу важен играч за нас“, изјави менаџерот на Манчестер Сити по спектаклот на „Бернабеу“ синоќа.
Белгискиот ас речиси сигурно ќе биде достапен за саботниот дуел со Лутон во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
