
Навивачите на Наполи речиси сигурно ќе мора да се разделат со две од најголемите ѕвезди на тимот во текот на летото. Виктор Осимен и Квича Кварацкелија се цел на најголемите европски гиганти.
Нигериецот е блиску до трансфер во Челси, а за грузискиот интернационалец силно се интересираат Барселона и Пари Сен Жермен.
Според информациите на „CalcioNapoli24“, раководството на „партенопеите“ ќе се сложи да го продаде Кварацкелија доколку добие понуда во висина од 100 милиони евра.
Сепак, „наполитанците“ се надеваат и на продолжување на договорот на крилниот напаѓач, кој истекува во 2027 година.
Грузиецот од почетокот на сезоната има 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 10 голови и забележа седум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
