
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, е оптимист дека тимот ќе се квалификува во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што не успеа да обезбеди предност против Баерн Минхен пред реваншот на „Алијанц Арена“.
„Во текот на натпреварот се најдовме во различни ситуации. Почнавме одлично, доминиравме и не дозволивме противникот да се закани кон нашиот гол. Постигнавме убав гол и тогаш Бен Вајт се најде сам против Нојер. Да беше резултатот 2-0, сѐ можеше да биде поинаку“, истакна Артета.
„Израмнувачкиот гол внесе неизвесност во нашата игра и потоа примивме втор гол, што е нетипично за нас, но ова е ЛШ и грешките овде се казнуваат. И при 1-2 останавме трпеливи и не избрзавме. Промените имаа позитивно влијание“, објасни тренерот на „топчиите“.
„Во фудбалот важно е да можеш да ги правиш основните работи беспрекорно. Верувам дека сме способни да победиме во Минхен. Мора многу добро да се подготвиме“, изјави Артета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
