Германскиот првак Баерн Минхен ќе мора без Серж Гнабри на реваншот против Арсенал, пренесуваат „Билд“ и „Скај Спорт Германија“.
28-годишниот крилен напаѓач на Баварците заработи повреда на синоќешниот натпревар и беше принуден да излезе од игра во 70. минута.
Гнабри најверојатно претрпе истегнување на тетивата и се очекува да биде надвор од терените најмалку три седмици. Дополнителните тестови ќе се одржат во Минхен.
Гнабри оваа сезона се мачеше со повреди, поминувајќи долго време надвор од тимот поради повреда на мускулот. За Баерн во досегашниот дел од сезоната има 17 настапи и пет гола, а синоќа постигна гол во ремито против Арсенал (2-2).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













