Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ремито против Арсенал (2-2) го оцени како позитивен резултат, но изрази жалење за пропуштената победа на „Емирати“ и се пожали дека неговиот тим не добил пенал.
„Мислам дека можевме да победиме. На крајот Кингсли Коман ја погоди стативата, а претходно судијата не ни додели чист пенал. Знаевме дека мора да одиграме многу подобро отколку против Хајденхајм. Стигнавме до реми на гостински терен. Во реваншот ќе ни треба истата страст, како и поддршката од навивачите“, изјави Тухел.
If Bayern Munich did this, Arsenal fans would be crying all over social media for a penalty and red card…pic.twitter.com/TQyZp6yoIt
— Troll Football (@TrollFootball) April 10, 2024
Тренерот на Баерн додаде дека е крајно разочаран од одлуката на судијата Глен Ниберг да не досуди пенал за Баерн во ситуација кога по судиски знак, Габриел Магаљаеш, кој очигледно не сфати дека топката веќе е во игра, ја грабна со двете раце.
„Судијата направи огромна грешка. Топката беше на теренот, имаше судиски знак и дефанзивецот ја зеде топката во раце. Она што најмногу не налути е објаснувањето на судијата. На нашите играчи им порача дека е детски и дека нема да досуди пенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите за такво нешто. Страшно објаснување. Не е важно дали грешката е детска или не. Бесни сме затоа што беа повредени правилата на играта“, прокоментира Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal