Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофали настапот на неговиот тим во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер Сити. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 3-3 и се претвори во вистински спектакл.
„Се покажа како рамноправен и многу квалитетен натпревар. Сѐ беше во ред кога успеавме да извршиме висок пресинг. Се обидовме максимално да го искористиме преминот од одбрана во напад. Сигурно не очекувавме да примиме толку рано гол. После тоа реагиравме позитивно и 60 минути игравме силно. Потоа постигнаа два гола кои не можеа да се спречат. Генерално, мислам дека раниот гол немаше влијание“, коментира Анчелоти.
„Мислам дека го изненадивме противникот со нашиот систем на игра. Со вториот гол одлично ја одигравме ситуацијата. Со Винисиус и Родриго на левото крило имавме можност да создадеме опасни ситуации и тоа го направивме. Задоволен сум“, нагласи Италијанецот.
„Се надевав дека ќе обезбедиме барем минимална предност на домашен терен, но и сега не треба да се разочараме. Вложивме многу труд и ако одиграме на ист начин и во реваншот, можеме да се пласираме во следната рунда“, убеден е Анчелоти.
„Лунин беше многу сигурен во работата со нозете. За вториот и третиот гол на Манчестер Сити немаше што да прави. Според мене, грешката при првиот гол не влијаеше на него“, додаде тренерот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal