Connect with us

Состави ЛШ: Гвардиола го остави Де Бруин на клупа, Артета и Тухел со најсилните тимови


Карло Анчелоти изведе силен состав, на крајот го избра Чуамени покрај Рудигер, наместо Начо, додека во средниот ред е Камавинга.

Од друга страна, Пеп Гвардиола го извади најсилниот можен состав, во отсуство на Кајл Вокер и Нејтан Аке, а добрата вест за него е што Гвардиол е подготвен и игра во првиот состав. Сепак, Кевин Де Бруин неочекувано остана на клупата за резерви.

Реал Мадрид: Лунин, Карвахал, Чуамени, Рудигер, Менди, Камавинга, Крос, Валверде, Белингам, Родриго, Винисиус.

Манчестер Сити: Ортега, Аканџи, Стоунс, Дијаз, Гвардиол, Родри, Ковачиќ, Фоден, Силва, Грилиш, Халанд.

Во Лондон, Арсенал ќе го пречека Баерн Минхен и ќе бара да се поправат за бројните порази од овој ривал во последните 10 години.

Микел Артета ќе излезе на терен со најсилниот состав, но истото го направи и Томас Тухел, кој конечно успеа да изведе еден од најсилните состави.

Арсенал: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Кивиор, Жоргињо, Одегард, Рајс, Сака, Мартинели, Хаверц.

Баерн Минхен: Нојер, Кимих, Де Лихт, Даер, Дејвис, Лајмер, Горецка, Сане, Мусијала, Гнабри, Кејн.

Натпреварите на „Сантијаго Бернабеу“ и на „Емирати“ почнуваат од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови