
Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, пристигна денеска во тренинг-кампот Димаро, официјално потпишувајќи го договорот со Елиф Елмас, за комплетирање на трансферот од таборот на Фенербахче.
Де Лаурентис имаше краток разговор со „македонскиот дијамант“, по што заедничката фотографија од потписот на договорот со Елмас ја објави на своите профили на социјалните мрежи.
„Добредојде во Наполи, Елиф“ – гласи пораката на Де Лаурентис, кој дефинитивно има големи очекувања од македонскиот ас по трансферот вреден 16 милиони евра.
Benvenuto al Napoli Eljif #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/F1P3dfZmUb
— AurelioDeLaurentiis (@ADeLaurentiis) July 24, 2019

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
