Во периодот кога сите зборуваат за вечерашната пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“, челниците на актуелниот европски шампион комплетираа уште еден голем трансфер.
Англиските медиуми пишуваат дека веќе е сосема јасно дека бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета ќе биде првото засилување на „граѓаните“ на почетокот на летниот преоден рок и дека сѐ е речиси готово.
Пакета и минатата година беше цел на Манчестер Сити и сакаше да потпише за клубот, но на крајот Вест Хем ја одби понудата од „Итихад“, што целосно го разочара.
Сепак, Гвардиола не се откажа од Бразилецот, за кого верува дека ќе биде одлично засилување во средниот ред. Манчестер Сити, според медиумите во Англија, ги договорил сите услови од договорот со Пакета.
Преговорите траеја неколку недели, а Лукас Пакета денеска потврдил дека се согласува со условите кои ги нуди Манчестер Сити, свесен дека одлучувачкиот трансфер период допрва доаѓа и дека дозвола треба да даде и Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













