
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Дониел Мален, ќе го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во Шпанија во среда.
Холанѓанецот не е во составот кој утринава отпатува за Мадрид.
„За жал, тој не можеше да се опорави на време“, откри спортскиот директор Себастијан Кел.
Мален ги пропушти последните два натпревари на Борусија Дортмунд против Баерн Минхен и против Штутгарт поради повреда на мускулот. Тој и Никлас Фулкруг се најдобри стрелци на тимот со по 13 гола од почетокот на сезоната.
Борусија Дортмунд посакува да се квалификува во полуфиналето на Лигата на шампионите за првпат од сезоната 2012/13, кога стигна до финалето каде што беше поразен од Баерн Минхен.
„Со нетрпение го очекуваме дуелот со Атлетико Мадрид“, додаде Кел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
