
Поранешниот англиски репрезентативец Пол Инс изјави дека напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, не е играч од светска класа. Изјавата на поранешниот играч од средниот ред, кој во кариерата настапуваше и за Манчестер Јунајтед и за Ливерпул, доаѓа по дербито меѓу двата тима изминатиот викенд.
Иако Салах постигна гол од пенал за 2-2, египетскиот репрезентативец пропушти неколку многу добри можности за гол.
Со својот гол Салах стана играчот кој постигнал најмногу голови на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед – вкупно 11.
„Мислам дека неговиот рекорд зборува сам за себе. Но, дали тој е играч од светска класа? Технички, не мислам така“, изјави Пол Инс.
Мохамед Салах дојде во Ливерпул во 2017 година од Рома. Оттогаш, египетскиот интернационалец постигна 209 гола на 340 натпревари за „црвените“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
