
Целиот свет остана во шок по терористичкиот напад во Москва, кога Исламската држава ја презеде одговорноста, а сега им се заканува и на фудбалските навивачи кои ќе ги следат мечевите од ЛШ.
„Марка“ пренесува дека ИСИС најави напади на стадионите во Мадрид, Париз и Лондон кои ќе бидат домаќини на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.
Организацијата Ал Азаим објави графика на која се прикажани стадионите на Арсенал, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, што резултираше со зголемени безбедносни мерки.
Така, натпреварот помеѓу Реал и Манчестер Сити е означен како натпревар од висок ризик, а бидејќи ден подоцна во Мадрид пристигнуваат и навивачите на Борусија Дортмунд, посебно внимание ќе се посвети на безбедноста во шпанската престолнина.
Во Лондон вечерва се среќаваат Арсенал и Баерн Минхен, а во Мадрид се игра дуелот меѓу Реал и Манчестер Сити.
Утре на програмата во ЛШ се натпреварите меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд, како и Пари Сен Жермен – Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
