
Англискиот премиерлигаш Челси е заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз. 24-годишниот фудбалер се врати на „Бернабеу“ по позајмицата во Милан и беше корисен играч за „кралевите“ оваа сезона.
Сепак, тој не е стартер во шемата на Карло Анчелоти, а со очекуваните засилувања на Килијан Мбапе и Ендрик на лето, неговата позиција во тимот би можела уште повеќе да биде загрозена. Така што не е исклучено да размислува за промена на клубот, пишува „Дефенс централ“.
Челси будно ја следи ситуацијата околу Дијаз и сериозно размислува да испрати понуда за него на лето. Лондончани се мачат во нападот и се потпираат главно на Кол Палмер за голови, па засилувањата во навалната линија ќе бидат врвен приоритет за „сините“, а Шпанецот би бил релативно евтина опција.
Брахим Дијаз, кој неодамна избра да ја претставува мароканската репрезентација на меѓународната сцена, е разновиден играч кој може да игра на неколку позиции во нападот. Успешно се справува и на двете крилни позиции, но и како втор напаѓач.
Оваа сезона има девет гола и пет асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања.
Договорот на Брахим Дијаз со „кралскиот клуб“ е до 2027 година, а неговата вредност е околу 35 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
