
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е свесен дека неговиот тим има исклучително тешка пресметка со Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Двата тима се сретнаа и минатата сезона, но во полуфиналето и тогаш „граѓаните“ излегоа како победници.
Сепак, според Гвардиола, на неговиот тим ќе му биде многу тешко да го постигне истото во две последовни сезони.
„Не е првпат да се сретнеме со Реал Мадрид, игравме и минатата година и некако успеавме да ги неутрализираме. Мораме да бидеме многу внимателни“, смета Гвардиола.
Тој не се согласува со зборовите на Карло Анчелоти, кој тврдеше дека минатата сезона Манчестер Сити играл „без карактер“ во нивниот последен судир.
„Не можам да се согласам со Карло. Многу го почитувам, но бев во Барселона и знам дека кога Реал Мадрид губи, тоа се сфаќа многу лошо. На луѓето им е тешко да прифатат дека другиот тим бил подобар. Сепак, во фудбалот и тоа се случува. На тој натпревар бевме подобри и не велам дека Реал Мадрид одигра лошо. Едноставно ние направивме многу добри работи…Можеме ли да се претставиме на ист начин? Ќе биде тешко. Да се победи Реал Мадрид двапати по ред е речиси невозможно. Дури и еднаш е тешко, но замислете тоа да го сторите двапати. Сепак, ние сме исправени пред таква задача која воопшто не е лесна, бидејќи тие ја научија лекцијата и ќе се обидат да ја одбранат својата чест. Ќе се обидеме да бидеме паметни и да видиме што ќе се случи во реваншот“, додаде Шпанецот.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра вечерва од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
