Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај, заработи нова повреда и ќе мора да мирува одреден период. Тој нема да може да им помогне на соиграчите на дуелите против Борусија Дотмунд во ЛШ.
Депај веќе доживеа неколку повреди на мускулот оваа сезона, исто како и сега, поради што ќе биде надвор од терените околу три недели.
Во превод, Депај ќе ги пропушти двата дуели со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот Диего Симеоне ќе има една опција помалку во нападот, иако секако се очекува Антоан Гризман и Алваро Мората да бидат ударниот тандем.
Првиот натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд е закажан за в среда од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal