Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја изрази својата увереност пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер Сити. Италијанскиот стратег истакна дека секоја од двете екипи има свои силни страни, а подобра ќе се покаже онаа која ќе надвладее во севкупниот судир.
Италијанецот укажа и на проблемите кои „кралевите“ ги имаа во последната сезона против овој противник, кога беа елиминирани во полуфиналето.
„Важно е да го извлечеме најдоброто од овој натпревар. Менталниот аспект е многу важен во ваквите средби и мора да покажеме храброст и индивидуалност. Лани тие работи ни недостасуваа во реваншот. Очигледно беше дека не игравме добар фудбал во одредени ситуации и не дававме сѐ од себе. Ни притискаа многу и немавме алтернативни решенија. Сега сакаме да го избегнеме тоа. Добро се подготвивме бидејќи имавме време и уверен сум дека ќе го покажеме најдоброто што го имаме од секој аспект – физички, психички, технички, бидејќи имаме доволно квалитет“, истакна Анчелоти.
Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е можеби „финале пред финалето“ во Лигата на шампионите.
„Ова ќе биде многу атрактивен натпревар за целиот свет. Овие два тима имаат многу квалитетни играчи и ќе покажат многу високо техничко ниво. Ние ги надминуваме во одредени аспекти, тие се подобри во други. Гвардиола е одличен тренер, нема сомнеж во тоа. Не ми е гајле што мисли за мене. Важно е само што мислат мојот клуб и моите играчи“, изјави Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal