Елиф Елмас во текот на вчерашниот ден дебитираше за Наполи на пријателскиот натпревар со Кремонезе (3-3), но македонскиот ас ниту денеска нема да тренира со новите соиграчи бидејќи мораше итно да отпатува за Рим.
Станува збор за бирократски проблем, поточно за процедурата за добивање на американска виза, за Елмас да може да отпатува со „наполитанците“ на турнеата во САД, каде италијанскиот вицепрвак ќе игра две контролни средби со Барселона на 8. и на 10. август. Како што јавуваат италијанските медиуми, станува збор за процедура што ќе биде завршена во текот на денешниот ден, по што Елмас ќе се врати во тренинг-базата на Наполи.
Од оваа причина е одложена и официјалната промоција на Елмас, што беше закажана за денеска во 16.30 часот, и истата е презакажана за утре во истиот термин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













