Јувентус излезе од кризата и победи во Серија А по пауза од еден месец. Тимот на Масимилијано Алегри немаше триумф повеќе од еден месец, а вечерва ја совлада Фиорентина со 1-0 на домашен терен.
Gatti with the finish⚽️ pic.twitter.com/WuhLjhlLqC
— Bianconeri Zone (@BianconeriZone) April 7, 2024
Стрелец на победничкиот гол беше дефанзивецот Федерико Гати во 21.минута од мечот. По корнерот од левата страна, Бремер шутираше со глава, топката удри во дирекот, а на вистинското место се најде Гати и ја смести во мрежата.
Фиорентина беше блиску до израмнување во вториот дел, Белтран ја погоди стативата, но, сепак, трите бода останаа во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal