Connect with us

Нов скандал во Турција: Фенербахче пушти гол и излезе од терен, па му го „подари“ Суперкупот на Галатасарај (ВИДЕО)

Во финалето на турскиот Суперкуп го видовме тоа што се најавуваше – голем скандал.


За трофејот требаше да се борат најголемите ривали Галатасарај и Фенербахче, но мечот траеше само 50 секунди.

Се најавуваше дека Фенербахче ќе оди во Галатасарај со јуниорска екипа, но се случи уште полошо. Младите играчи на Фенер најпрвин го пуштија противникот да постигне гол, па по 50 секунди игра го напуштија теренот и пехарот автоматски му припаѓа на Галатасарај.

Секако, станува збор за протестот против Фудбалската федерација на Турција по инцидентите во кои беа нападнати играчите на Фенербахче на натпреварот против Трабзонспор.

Исто така, како причина за бунтот се наведува и одбивањето на барањето за одложување на натпреварот поради обврски во Европа, односно ангажирање странски судии.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови