
Елиф Елмас не ја крие гордоста што го облече дресот на Наполи, па преку порака на своите официјални профили на социјалните мрежи се заблагодари на сите оние кои го овозможиле неговиот трансфер во редовите на италијанскиот вицешапион.
„Среќен сум што дојдов во Наполи и станав дел од ова семејство. Се чувствувам прекрасно што дојдов во еден од најдобрите клубови во светот и што ќе работам со еден од најдобрите тренери во фудбалската историја, г-н Карло Анчелоти. Благодарен сум на менаџментот на Наполи предводен од г-н Аурелио де Лаурентис што ми овозможи да дојдам во Наполи. Специјален поздрав до навивачите на Наполи, за кои знам дека се едни од најлојалните во светот, ви ветувам дека секогаш ќе давам се од себе носејќи го овој дрес“, напиша Елиф Елмас.
Македонскиот репрезентативец ќе се најде на списокот на патници за Шкотска, каде „наполитанците“ в недела ќе се сретнат со европскиот првак Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
