
Фудбалерите на Барселона се подготвуваат за гостувањето кај Пари Сен Жермен, а важна вест дозна тренерот Чави Хернандез пред овој натпревар.
Френки де Јонг и Андреас Кристенсен го одработија целиот тренинг по повредите, па се очекува да бидат подготвени за старт против парижаните.
Сепак, Педри не го одработи целиот тренинг и мали се шансите да биде подготвен, дури и на клупата.
Лекарскиот тим на Барса не сака да избрзува со неговото враќање, бидејќи Педри веќе има неколку повреди на мускулот, па постојат сите шанси Шпанецот да го чека реваншот со парижаните шест дена подоцна.
Освен Педри, како што стојат работите, единствени кои ќе го пропуштат летот за Париз се Алехандро Балде и Гави.
Барса овој викенд не игра првенствен натпревар, а во среда од 21 часот гостува на „Паркот на принцовите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
