Connect with us

Рома го доби вечното римско дерби, Мансини е херојот на „волчицата“ (ВИДЕО)

Рома успеа да слави во вечното римско дерби против Лацио со 1-0 и сѐ уште ги чува шансите за пласман во Лигата на шампионите. На четвртата позиција е Болоња, а „волчицата“ има два бода заостанување и еден одигран натпревар повеќе од главниот конкурент.

Џанлука Мансини е херојот на Рома. Тој постигна погодок во 42.минута на асистенција на Пауло Дибала, кој го изведе корнерот од левата страна.

„Лацијалите“ не успеаја да одговорат до крајот, па Даниеле Де Роси го доби тренерскиот дуел со Игор Тудор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови