
Астон Вила направи уште еден погрешен чекор во битката за пласман во ЛШ, откако одигра само 3-3 против Брентфорд на домашен терен. Сега тимот на Унаи Емери има три бода предност, но и два одирани натпревари повеќе од Тотенхем.
Оли Воткинс во 39.минута донесе водство, а Морган Роџерс зголеми на 2-0 во 46.минута. Но, потоа возврати Брентфорд. Занка, Мбеумо и Виса во период од девет минути постигнаа три гола за пресврт. Оли Воткинс на крајот успеа да израмни на 3-3, но Астон Вила не стигна до триумф.
Евертон го победи Барнли со 1-0, со голот на Доминик Калверт-Луин, а и Њукасл славеше минимално (0-1) на гости против Фулам, стрелец беше Бруно Гимараеш.
Лутон го победи Борнмут со 2-1, а Вест Хем триумфираше на гости против Вулверхемптон со 1-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal