
Англискиот гигант Ливерпул е подготвен да одвои нереални 150 милиони евра за да ја доведе ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, во своите редови.
Ливерпул започна потег за доведување на уругвајскиот играч за врска и нема да штеди за неговиот потпис.
„Ливерпул е подготвен да плати 150 милиони евра за Феде Валверде. Меѓутоа, проблемот е што играчот не сака да го напушти клубот, а Реал сака да го задржи“, наведува шпанскиот медиум „Ел Дебатe“.
Сепак, понуда од 150 милиони евра може да го предомисли Реал. „Кралскиот клуб“ ќе има многу трошоци околу доведувањето на Килијан Мбапе, а ваква понуда за 25-годишникот веројатно никогаш повеќе нема да дојде.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го декласира Јувентус во Торино (ВИДЕО)
