
Лидерот во Бундес-лигата, Баер Леверкузен, е блиску до освојување на својата прва титула во Германија, но тренерот Чаби Алонсо предупреди дека битката е далеку од завршена и покрај нивната предност од 13 бода на седум натпревари до крајот на сезоната.
Шпанецот, кој го води Баер Леверкузен во серија од 40 меча без пораз во сите натпреварувања оваа сезона, а неговиот тим сѐ уште е во борба за три трофеи, рече дека нема да го потценат својот следен противник Унион Берлин в сабота, пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа следната недела против Вест Хем.
„Нашиот фокус е Бундес-лигата. Имаме добри шанси да ја освоиме титулата, но остануваат уште седум натпревари. Во Берлин ќе одиме со нашиот најдобар тим и се надеваме дека ќе направиме чекор кој ќе нѐ приближи до целта. Ние сме во добра позиција, но сѐ уште ништо не е готово“, додаде Алонсо.
Избраниците на Чаби Алонсо стигнаа и до финалето на германскиот куп со 4-0 победувајќи ја Фортуна Диселдорф. Тие се соочуваат со Кајзерслаутерн во финалето на 25 мај.
„Навивачите имаат меморија и се трпеливи. Тие сè уште се сеќаваат на она што се случи во 2000 година на последниот натпревар кога, по поразот од Унтерахинг беше испуштена титулата. Ќе славиме кога ќе дојде вистинското време. Сега не е време за славење. Сè уште е рано, уште е април.
Во добра позиција сме, финалето на Купот на Германија го имаме како последен натпревар во сезоната, но нема да зборувам премногу. Ние не зборуваме за титула, туку само за нашите следни ривали“, истакна Чаби Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
