
Дефанзивецот на Арсенал, Олександр Зинченко, призна дека е подготвен да ја заврши фудбалската кариера и да оди да се бори на фронтот за Украина за време на војната со Русија.
„Мислам дека одговорот е јасен: ќе одам да се борам“, одговори Зинченко.
Поранешниот играч на Манчестер Сити сподели дека има пријатели од школските денови кои моментално се на фронтот.
„Тешко е да се прифати дека до неодамна бевме во исто училиште со нив. Порано игравме фудбал во училишниот двор или на стадион, а сега тие треба да ја бранат нашата татковина“, продолжи Зинченко.
„И да бидам искрен, тешко е да се прифати, но тоа е така. Не можеме да се откажеме. Знам дека некои луѓе веројатно мислат дека ми е многу полесно бидејќи сум во Лондон, а не во Украина. Навистина се надевам дека оваа војна наскоро ќе заврши“, истакна Украинецот, кој со Арсенал се бори за шампионската титула во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
