
Англискиот премиерлигаш Арсенал се бори за титулата во Англија, но сака уште повеќе да го засили тимот за следната сезона. Менаџерот Микел Артета гледа потенцијално големо засилување во редовите на Реал Мадрид.
Медиумите на Островот најавуваат дека Едуардо Камавинга е изборот на Артета за засилување во средниот ред.
Арсенал го сака францускиот репрезентативец и е подготвен да го купи за вртоглави 110 милиони евра, намамувајќи го дека би играл во „најсилната лига на светот“.
„Топчиите“ се подготвени на Камавинга да му дадат и поголема плата од таа што во моментот ја има во Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
