
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, беше на седмо небо по неверојатната победа над Манчестер Јунајтед со 4-3. Лондончани ги освоија трите бода со два гола на Кол Палмер длабоко во судиското надополнување.
„Секако дека сум среќен. Тоа беше неверојатно! Ја заслуживме оваа победа бидејќи мислам дека бевме подобриот тим на теренот. Беше фер да се постигне гол во последната минута. Натпреварот го започнавме исклучително добро и поведовме со 2-0. Имавме контрола во тој момент, но потоа направивме грешки и тоа лошо влијаеше емоционално на тимот. Не беше лесно да се справиме со тоа.
Во второто полувреме повторно ја контролиравме топката, но дозволивме целосен пресврт. Начинот на кој ги примивме тие три гола беше разочарувачки бидејќи мислам дека можеме подобро во тие ситуации, но ако ја анализирате играта ќе видите дека заслуживме да победиме. Мислам дека ова треба да биде пресвртница за тимот и да одиме нагоре.
Оваа победа е почеток на градење силна врска меѓу тимот и навивачите. Ова ќе ни биде од голема корист во иднина.
Кол Палмер? Заврши фантастична работа и покажа неверојатен карактер и умешност“, истакна Покетино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
