
Челси со неверојатен пресврт во судиското продолжение, голови во 100. и во 101. минута на Кол Палмер, дојде со фантастичен пресврт и триумф од 4-3 против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Кол Палмер беше творен на пресвртот со два гола во фотофиниш од дербито, а на крајот комплетираше хет-трик.
Конор Галахер донесе водство уште во четвртата минута, а Кол Палмер од пенал згоеми на 2-0 во 19.минута.
Сепак, Манчестер Јунајтед возврати силно. Алехандро Гарначо намали, а Бруно Фернандеш успеа да израмни во 39.минута.
Гарначо беше стрелец и за 2-3 во второто полувреме, но Челси направи пресврт длабоко во судиското продолжение, режиран со двата гола на Кол Палмер. Тој во 100.минута од пенал погоди за 3-3, а во следната минута постигна и победнички погодок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
