Connect with us

Ѕвездата на Болоња го избра Милан

Напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе, избра каде ќе ја продолжи кариерата следната сезона. Според „Газета дело Спорт“, негов избор е Милан.


22-годишниот Холанѓанец има добра сезона во тимот на „рособлу“, со своите 10 гола и четири асистенции во 28 првенствени натпревари, во голема мера е заслужен за четвртото место на тимот во Серија А.

Со своите настапи Зиркзе има го привлече интересот на голем број врвни клубови како што се Милан, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Засега се чини дека „росонерите“ најмногу притискаат за него, а и самиот играч се гледа себеси во миланскиот клуб.

Идејата на Милан е да понуди 50 милиони евра за стрелецот, кој би бил замена за Оливие Жиру со оглед на очекуваната преселба на ветеранот во ФК Лос Анџелес како слободен играч. Покрај тоа, од „Сан Сиро“ се подготвени во зделката да го додадат и Алексис Салемакерс, кој моментално е позајмен во Болоња, а таму се задоволни од неговите настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови