
Најпознатата фудбалска менаџерка Ванда Нара на својот Инстаграм објави фотографија за која италијанските медиуми заклучија дека може да го откријат новиот клуб на Мауро Икарди. Ванда е негова сопруга и менаџер, а фотографијата е направена во Турција каде Икарди игра за Галатасарај, пред нивното заедничко снимање на реклама. Она што го поттикна интересот во јавноста е тренерката што ја носи менаџерката.
Фотографијата го открива логото на Јувентус, а тоа беше доволно да ги подгрее гласините за можниот следен клуб на Икарди. Аргентинскиот фудбалер најголемиот дел од кариерата го одигра во Италија, во Интер и тоа е земја во која се чувствува како дома.
Икарди со 18 гола е втор стрелец во Турција, има еден гол помалку од Един Џеко од Фенербахче. Вкупно постигна 47 гола на 65 натпревари за Галатасарај, со кого е под договор до летото 2026 година.
Пред да замине од Интер во Турција, тој исто така беше поврзуван со Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
