
Фенербахче направи извонреден бизнис од трансферот на Елиф Елмас од Работнички, две години потоа продавајќи го македонскиот „дијамант“ во Наполи за почетни 16 милиони евра. Поучени од ова искуство челниците на Фенер сакаат да ангажираат нов македонски суперталентиран фудбалер, па во фокусот на нивното внимание се наоѓа Дарко Чурлинов.
Македонскиот напаѓач ланската сезона постигна 18 гола за младинскиот тим на Келн, со што беше најдобар стрелец во У19-лигата на Германија. Чурлинов летово го мина на подготовки со првиот тим, притоа постигнувајќи и неколку погодоци, со што само го потврди огромниот потенцијал во пресрет на новата сезона.
„CNN Turk” тврди дека првите луѓе на Фенер будно ја следат неговата форма и подготвуваат понуда за ангажман на младиот Македонец. Според влијателниот турски медиум, Чурлинов има уште една година од актуелниот договор со Келн, па интересно ќе биде да се види дали Фенербахче ќе тргне по Македонецот до крајот на овој преоден рок, или пак ќе почека и ќе се обиде следното лето да го донесе без никаква отштета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
