
Жоао Феликс сака да продолжи да игра за Барселона. Португалскиот репрезентативец е во сопственост на Атлетико Мадрид, но од минатото лето игра како позајмен во Барса.
„Мојот став е јасен – сакам да останам во Барселона. Сигурно ќе бидам среќен ако продолжам тука. Моето семејство исто така ќе биде среќно, но тоа не зависи од мене. Да видиме што ќе се случи, би сакал да играм на Камп Ноу“.
Ќе видиме што е потребно за да се случи тоа. Исто така, би сакал Чави да се предомисли и да продолжи тука како тренер, тој е голем стратег и има одлични идеи“, изјави 24-годишниот напаѓач.
Португалецот од 2019 година е во сопственост на Атлетико Мадрид, а пред една сезона беше прекомандуван во англискиот Челси.
Тренерот на Каталонците, Чави Хернандез, најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
