
Манчестер Јунајтед би можел да се засили со дефанзивец од Ница, клубот кој е во сопственост на Сер Џим Ратклиф. Станува збор за левиот бек Мелвин Бард.
„Црвените ѓаволи“ веќе оствариле контакт со 23-годишниот фудбалер.
Менаџерот на англискиот клуб Ерик тен Хаг имаше огромни проблеми поради повреди на левата страна на одбраната во текот на сезоната. Лук Шо пропушти голем дел од шампионатот, додека Тајрел Маласија немаше ниту една минута оваа сезона.
Мелвин Бард има 26 настапи за Ница оваа сезона. Неговиот договор е до летото 2026 година.
Тој е младински играч на Лион, а во летото 2021 година се пресели во Ница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
