
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали настапот на неговиот тим против Лутон. „Топчиите“ победија со 2-0 на „Емирати“ и се најдоа на врвот на табелата во Премиер – лигата со 68 бода.
„Тоа беше тежок натпревар. Мораме да му оддадеме признание на Лутон. Тие се добар тим кој ни задаваше проблеми. Дадовме два добри гола пред паузата, но во вториот дел не можевме да го одржиме ритамот што го сакавме поради стилот на противникот“, изјави Артета.
„Многу сум среќен со момците кои дојдоа од клупата. Сега имаме значително поголем избор бидејќи скоро сите се здрави. Импресиониран сум од Емил Смит-Роу. Работи многу напорно на тренинзите, а се виде дека може да биде корисен и на натпреварите“, додаде шпанскиот стратег.
Следниот натпревар на Арсенал е на 6 април против Брајтон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
