Connect with us

Гвардиола објасни зошто ги остави Халанд и Де Бруин на клупата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали својот тим по победата над Астон Вила со 4-1. „Граѓаните“ и понатаму се третопласирани на табелата во Премиер – лигата, но само со бод помалку од лидерот Арсенал. Ливерпул вечерва игра против Шефилд Јунајтед.


„Игравме многу добро. Пред неколку месеци Астон Вила доминираше во играта меѓу нас и заслужено победи, но сега ние бевме подобри. Создадовме многу шанси и ги приморавме да направат многу грешки. Благодарение на Фоден, Родри и Рико Луис изгледавме одлично во средниот ред. Грилиш и Доку завршија одлична работа по страничните позиции. Дефинитивно сум задоволен. Можевме да постигнеме и повеќе голови“, прокоментира Гвардиола.

„Кога го избирам составот за даден натпревар, главната цел не е да се одмори еден или друг играч, туку да се победи. Ни требаше свежина бидејќи пред три дена игравме против Арсенал. Самата програма бараше да правиме ротации“, одговори Пеп на прашањето зошто Ерлинг Халанд и Кевин де Бруин ги остави на клупата за резерви.

„Арсенал и Ливерпул се пред нас и тие се фаворити. Важно е да се пласираме во Лигата на шампионите. Блиску сме до тоа и победата над Астон Вила е огромен чекор кон таа цел“, додаде Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови