
Дарко Чурлинов се уште е без ниту еден официјален натпревар за првиот тим на Келн, но огромниот потенцијал на младиот македонски фудбалер е доволна причина неколку врвни клубови да се обидат да го донесат во своите редови.
Фенербахче прв покажа интерес за ангажман на Чурлинов, но „сино-жолтите“ не се единствени во оваа намера откако и Бешикташ реши да се вклучи во трката за македонскиот репрезентативец. Турскиот весник „Фанатик“ објави дека „црно-белите“ од Истанбул го имаат „пикирано“ Чурлинов како главна желба од неколкуте млади фудбалери што Бешикташ ги следел во изминатиот период.
Не е наведено дали Македонецот би бил прекомандуван во првиот тим или пак првата сезона во Турција би ја минал во младинската лига (нешто што беше случај со Елиф Елмас), но самиот интерес од гигантите е доволен доказ за огромниот потенцијал на Чурлинов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
