Маурицио Сари би можел да се врати на чело на Наполи. Стратегот го водеше тимот меѓу 2015 и 2018 година пред да го преземе Челси. Сега „Тутоспорт“ и „Ил Матино“ тврдат дека тој има реални шанси повторно да пристигне на стадионот „Диего Марадона“.
Ова се очекува да се случи доколку Наполи го назначи Фредерико Масара за нов спортски директор. Се вели дека тој се залага за враќање на Сари во клубот, откако тимот продолжи да има слаби резултати и покрај доаѓањето на Франческо Калцона, кој го замени пред него неуспешниот Валтер Мацари.
Инаку, желбата на претседателот Аурелио Де Лаурентис е да го убеди Антонио Конте да го преземе тимот. Тој е дури и подготвен да го донесе во клубот директорот Џанлука Петрачи, кој е добар пријател на Конте. Засега, сепак, оваа опција и понатаму изгледа неверојатна, а „партенопеите“ имаат многу поголеми шанси да ги доведат Масара и Сари.
Сепак, потсетуваме дека односот меѓу Сари и Де Лаурентис во последните години не е идеален.
Претседателот на Наполи долго време не можеше да му прости на тренерот поради одлуката да замине во Челси, а неодамна го нарече „лузер“ откако Сари доби отказ од Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













