
Елиф Елмас доби уште едно признание за своите вонсериски квалитети откако македонскиот репрезентативец се најде на листата на УЕФА од 50 најдобри млади фудбалери во европскиот фудбал.
Елмас имаше зад себе одлична сезона во Фенербахче во која беше единствената светла точка на турскиот гигант. Добрите игри му обезбедија мегатрансфер во Наполи, но и место во одбраното друштво на УЕФА во кое има место и за новиот Бразилец на Реал, Родриго, но и за Хрватот Брекало, Романецот Јанис Хаџи, како Жедсон Фернандес од Бенфика, Дани Олмо од Реал Мадрид, Вилијам Салиба од Сент Етјен кој летово потпиша за Арсенал.
Елмас не настапи за Наполи на пријателскиот меч со Ливерпул (3-0 за „наполитанците“), но македонскиот ас ќе му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти на тренинзите по враќањето на италијанскиот првак назад на Апенинскиот полуостров, во пресрет на мини-турнеата низ САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
