Тројцата челници на Барселона, претседателот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Деко, остануваат со надеж дека ќе успеат да го разубедат менаџерот Чави Хернандез од неговата намера да го напушти клубот на крајот на оваа сезона. Затоа имаат направено план како да го задржат стратегот, пишува „Мундо Депортиво“.
Раководните луѓе сакаат да му дадат на Чави што е можно повеќе време за да видат дали ќе се премисли да ги напушти Каталонците. Шефовите се воодушевени што тренерот им дава шанса на голем број млади таленти како Ламин Јамал, Фермин Лопез и Пау Кубарси. Исто така, поранешниот играч од средниот ред е легенда на клубот. Тој ужива почит не само од младите играчи, туку и од ветераните како Роберт Левандовски.
Планот на Лапорта и неговите соработници е Чави да го одработи до крај актуелниот договор со клубот кој има важност до летото 2025 година. Идеално, ќе биде опционално сораотката да може да се продолжи за уште една сезона.
Клубот е подготвен да го засили тимот со неколку нови засилувања ова лето, а следната година на местото на Левандовски да биде доведен голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













