Connect with us

Болоња убедлива против Салернитана (ВИДЕО)

Болоња ја оствари 16. победа во Серија А оваа сезона откако ја совлада Салернитана со 3-0. Сега тимот на Тијаго Мота се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 57 бода, шест повеќе од Рома која во ова коло му гостува на Лече.

Орсолини во 14.минута го отвори резултатот во корист на домашниот тим, а Салемакерс зголеми на 2-0 непосредно пред одморот.

Во финишот на мечот Ликојанис постигна трет погодок за Болоња и го потврди убедливиот триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови