
Во Шпанија и понатаму голем интерес предизвикуваат информациите кој ја плати кауцијата на Дани Алвеш во висина од 1 милион евра. Бразилецот моментно е на слобода, иако е осуден на затвор поради силување.
Судот во Шпанија донесе одлука дека фудбалерот може да биде ослободен доколку некој е подготвен да ја плати сумата, бидејќи сметките на Алвеш одамна се блокирани.
Се говореше дека Нејмар е подготвен да му помогне на својот пријател, но подоцна беше откриено дека неговото семејство одбило да го стори тоа. Потоа се појавија шпекулации дека Алвеш бил спасен од неговиот поранешен соиграч Мемфис Депај, но и оваа информација остана непотврдена.
Сепак, медиумите во Шпанија стигнаа до вистината. Денеска се дозна дека кауцијата на Алвеш ја платил познатиот бразилски магазин „Quem“. Во замена за парите, фудбалерот ќе даде ексклузивно интервју за тоа што му се случува во животот, ќе открие детали од затворот, па дури ќе се снима и документарен серијал на оваа тема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
