
Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, не ја исклучува можноста да си замине на крајот од актуелната сезона.
Италијанецот веќе со недели се поврзува со бројни клубови, бидејќи е познато дека на крајот од сезоната неколку гиганти ќе го сменат тренерот. Де Зерби беше поврзуван со повеќето од нив, а во приказната се споменуваат Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул, Милан и Манчестер Јунајтед.
Де Зерби не крие дека живее фудбал 24/7 и дека има мотив максимално да ја исполни својата амбиција.
„Сакам да ја задржам мојата амбиција и мотивација. Навистина живеам фудбал 24/7. На крајот на сезоната сакам да се уверам во проектот на Брајтон, да го слушнам планот, бидејќи ако не чувствувам како да припаѓам таму , нема да можам да останам“, изјави Де Зерби.
Сепак, не треба да се бега од фактот дека во повеќето од овие клубови Де Зерби е некако повеќе „план Б“. Баерн побрзо би го вратил Јулијан Нагелсман, Барселона повеќе би сакала да го задржи Чави или да го доведе Луис Енрике, па дури и Ханси Флик, додека прва опција на Ливерпул е Рубен Аморим.
Но, навистина изгледа дека Брајтон ќе биде невозможно да го задржи Де Зерби, кој има клаузула од околу 15 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лацио и Удинезе ремизираа на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Uncategorized
Работнички со минимален триумф против Тиквеш
