
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, е подготвен за претстојното дерби против Борусија Дортмунд, изјави тренерот на тимот Томас Тухел.
„Се е во ред, тој ќе игра против Дортмунд“, изјави Тухел на прес-конференција.
На 16 март, Кејн го повреди скочниот зглоб во победата на Баерн против Дармштад (5:2), кога го постигна својот 31. гол во сезоната.
За разлика од Кејн, Тухел се уште не може да смета на голманот Мануел Нојер, кој го повреди мускулот на левата натколеница на тренингот на германската репрезентација минатата недела.
Актуелниот шампион во Бундес-лигата, Баерн Минхен мора да победи во дербито со „милионерите“ ако сака да ги одржи во живот шансите да ја одбрани титулата.
Баерн е второпласиран со 60 бода, десет помалку од лидерот Баер Леверкузен на осум кола пред крајот на првенството.
Борусија Дортмунд е на четвртата позиција на табелата со 50 бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
