
Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.
„Не сум ја завршил работата во Баер. Сакам да му помогнам на клубот, на играчите да се развиваат, а директорите секогаш биле добри со мене. Тие веруваа во мене. Овде е фантастично и морам да продолжам. Сè уште сум млад тренер и мислам дека ова е најдобрата одлука за мојата иднина во моментов. Сигурен сум во тоа“, изјави 42-годишниот Шпанец.
„Во текот на сезоната досега имаше многу шпекулации за мојата иднина. Имавме толку многу натпревари досега и јас бев зафатен. Но, за време на изминатата пауза го искористив слободното време да размислам и да донесам одлука. Имав одлична средба со шефовите минатата недела и ги информирав дека сакам да останам. Ова е вистинскиот начин за мене да продолжам да се развивам како тренер“.
„Понатаму, во Баер имам одличен тим кој ми помага да станам подобар тренер секој ден. И играчите ми даваат толку многу причини да продолжам да верувам во нив и во тимот како целина. Се чувствувам како да не сум ја завршил работата овде“, истакна Чаби Алонсо.
Тој има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите, во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која ќе може да замине како слободен агент.
Шпанецот моментно го предводи Баер Леверкузен кон историска титула во Бундес-лигата, има солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн Минхен на осум кола до крајот. Исто така, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и во полуфиналето на Купот на Германија.
Чаби Алонсо го води Баер Леверкузен од октомври 2022 година.
Xabi Alonso stays our head coach for next season! 🖤❤️#Bayer04 #Werkself pic.twitter.com/ih3UjOpt6F
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) March 29, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
