
Голема полициски акција за откривање на наместени фудбалски натпревари отпочнала денеска во Скопје, информира порталот „Скопје инфо“. Според овој извор, МВР и јавното обвинителство од изутрина чешлаат спорна документација за одредени клубови, а ја побарале во Фудбалската федерација.
По добиени информации и препораки од „Спортрадар“, министерството за внатрешни работи е во интензивна акција за сузбивање на криминалот во фудбалот околу наместените натпревари, тврди „Скопје инфо“.
„Спортрадар“ е тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари, а вакви акции со години се случуваа во многу земји од регионот но никогаш во Македонија.
Според информации што ги објави „Скопје Инфо“ во истрагата се опфатени клубовите Шкупи, Македонија ЃП, Воска, Академија Пандев (Брера), Силекс, како и второлигашите Победа, Арсими.
Станува збор за натпревари кои се одиграни во Македонија и домашните натпреварувања оваа и минатата година.
Пред шест години единаесет лица беа уапсени во меѓународната полициска акција на Словенија, Хрватска и Еуропол насочена против корупцијата во спортот. Слична ваква акција беше спроведена лани во соседна Србија, по чие завршување неколку клубови беа исфрлени од лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго

Евро-фудбал
Штутгарт стави крај на сагата за Ник Волтемаде
