
На италијанскиот интернационалец Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари. Тој во моментов отслужува десетмесечна суспензија поради сомнителни прекршоци од времето во Италија пред да се пресели во Њукасл, но сега ФА го обвини за истото како играч од Премиер – лигата.
Истрагата, која започна во ноември, собра информации дека играчот од средниот ред направил 50 облози меѓу 12 август и 12 октомври 2023 година.
Тонали има рок до 5 април да одговори на обвинението. Инаку, моментно е суспендиран до 27 август 2024 година.
Њукасл увери дека нивниот играч соработува со истрагата, но и дека клубот продолжува да го поддржува.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
