
Преговорите меѓу управата на Милан и голманот Мајк Мањан влегоа во ќорсокак. Двете страни многу сериозно се разидуваат во барањата и, според медиумите во Италија, не е исклучено да дојде до разделба на лето.
Актуелниот договор на голманот истекува во 2026 година, а Милан сакаше да се посвети на голманот на посериозен временски период. Сепак, финансиските барања на Мањан може да се покажат како сериозен проблем.
Според информациите на „Скај Спорт Италија“, Мајк Мањан побарал годишна плата од 8 милиони евра, а раководството на „росонерите“ категорично одбило.
Во моментов голманот добива само 2,8 милиони евра, а според централата на Милан ваквото зголемување е нереално.
Мањан во Милан дојде во 2021 година од францускиот Лил, а Милан за него плати 15,4 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
