Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, на лето ќе биде цел на трансферна битка меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Двата англиски гиганти се заинтересирани да го привлечат италијанскиот интернационалец во своите редови.
Иднината на Киеза во Јувентус е сѐ понеизвесна. 26-годишниот играч беше доведен од Фиорентина во 2020 година со големи очекувања, но многу често го мачеа повреди. Се зборува дека тој не е во најдобри односи со тренерот Масимилијано Алегри, па клубот размислува и за евентуална продажба на лето.
Ливерпул долго време ја следи ситуацијата со Киеза и веќе размислува за план да го доведе на „Енфилд“, откако отпочнаа првични разговори со претставниците на Јуве. Во меѓувреме, сепак, се појави информација дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Италијанецот. Неговиот потпис би бил уште поверојатен ако клубот одлучи да се раздели со менаџерот Ерик тен Хаг и да го замени со Антонио Конте.
Федерико Киеза досега има 119 натпревари, 29 гола и 22 асистенции за тимот на Јувентус. За италијанската репрезентација има 44 натпревари и седум постигнати гола. Клубот од Торино за него ќе бара најмалку 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













